Откако се во притвор, обвинетите за 27 април се жалеле на депресија

Откако се во притвор, обвинетите за 27 април се жалеле на депресија

Обвинителот Момир Маричиќ од Вишо јавно обвинителството на јавна седница на Апелациониот суд во Скопје побара да остане мерката притвор за обвинетиот Борис Дамовски за настаните од крвавиот четврток. Вели дека само на тој начин ќе се осигура неговото присуство во постапката и дека треба да се земе предвид тежината на кривичното дело и висината на казната која му се заканува. „Дамовски е еден од главните обвинети во овој предмет“, рече Маричиќ. „Сега сите се болни, на лекување, во депресија, на бањи…“, рече обвинителот.

Адвокатот Миле Петровски, пак, кој го брани Дамовски, побара на да му се укине притворот бидејќи, како што рече, се јавил уредно во полициската станица и бил дома кога бил направен претресот. Апелациониот суд на јавни седници ќе расправа по жалбите на петтемина обвинети за настаните од 27 април на кои кривичниот совет им го замени куќниот притвор со притвор.

Судот има рок од 48 часа да одлучи по жалбата на адвокатите на обвинетите.

В.Маглешов