Обилни врнежи до петок, викендов опаѓање на температурите

Обилни врнежи до петок, викендов опаѓање на температурите

Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м2, информираат од УХМР.

Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови каде што локално може да надминат 70 л/м2. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. В сабота ќе има слаб локален дожд, а од недела и опаѓање на температурата.

Времето денеска претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои повеќе ќе бидат застапени во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.