Обука за спасители на отворени води

Обука за спасители на отворени води

Црвен крст Охрид за потребите на Центарот за безбедност објавува конкурс за пријавување кандидати за Курс за спасители на отворени води. Обуката ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода, таа содржи теоретски  и практичен дел и ќе се реализира во Охрид во периодот од 19-26 јуни.

 

Кандидатите треба да не се помлади од 18 години (да достават соодветен доказ: лична карта или извод на родени); да достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци.

 

Конкурсот е отворен до 15 јуни 2017 година, а кандидатите можат да се пријават лично во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден или на телефоните: 046 261-909, 046 262-706, 070 315-309.

крај/мф/ем