Ограбена подружница на ТТК банка во Струга

Ограбена подружница на ТТК банка во Струга

Непознат сторител во текот на вчерашниот ден ограбил подружница на ТТК банка во Струга.

Како што информираат од МВР, во полицијата во Струга било пријавено дека околу 8 часот лице со закана со пиштол извршило разбојништво над вработената во објектот на улицата Пролетерски бригади, при што разбојникот одзел околу 60.000 денари и го напуштил местото на настанот.

Екипа од струшката полиција извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.