Одбиена тужбата на независниот кандидат за градоначалник Горан Чекаловиќ

Одбиена тужбата на независниот кандидат за градоначалник Горан Чекаловиќ

Управниот суд ја одби тужбата на независниот кандидат за градоначалник во општина Чучер-Сандево, Горан Чекаловиќ, бидејќи неговата кандидатура не помина кај Општинската изборна комисија. Судот реши дека неговата тужба е неоснована.

Чекаловиќ не ја исполнил во целост процедурата, поточно не пријавил навреме посебна жиро-сметка, што е услов за некој да учествува на локалните избори во Македонија.

Со оглед на тоа дека рокот за пријавување независни кандидати помина, а судот не ја уважи неговата тужба, ако не најде поддршка од некоја од политичките партии, ќе остане надвор од трката за градоначалник. Во оваа општина се пријавија дури четворица независни кандидати за градоначалници.