Одрон на патот Маврово – Стража

Одрон на патот Маврово – Стража

На магистралниот пат A2 крак Маврово – Стража, на околу два километри пред планинскиот превој има поголем одрон, соопштија од АМСМ.

Моментално сообраќајот во овој дел се одвива по една коловозна лента со присуство на сообраќајна полиција.

Оттаму соопштија дека екипите на „ЈП Македонија пат“ се на лице место и работат на расчистување на теренот.