Од денеска до понеделник изменет сообраќаен режим поради предизборната кампања

Од денеска до понеделник изменет сообраќаен режим поради предизборната кампања

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека од денеска во периодот од 18 часот до 8 часот до понеделник во двата правци ќе биде пренасочен сообраќајот на булеварот „Илинден“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со булеварот „Св. Климент Охридски“ и истиот ќе се одвива по булевар „Илинден“ десно по булеварот „Св. Климент Охридски“ и по булеварот „Гоце Делчев“ и лево по булеварот ВМРО поради предизборен митинг.