Од утре престануваат да важат мерките против загадувањето

Од утре престануваат да важат мерките против загадувањето

Од утре, четврток (11 јануари), престануваат да важат вонредните мерки против загадувањето, информираат преку соопштение од Министерство за животна средина и просторно планирање.

Ова го образложуваат со фактот дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитетот на воздухот, вчера (9 јануари) среднодневните концентрации на ПМ 10-честичките биле под дефинираниот праг за алармирање (над 200 микрограми на кубен метар барем на две мерни места во Скопје и стабилна временска прогноза).

Од Министерството информираат дека среднодневната концентрација на ПМ 10-честичките од 200 микрограми на кубен метар била надмината само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината.