ОН повика на ставање крај на „нечовечната” политика на ЕУ во Средоземното Море

ОН повика на ставање крај на „нечовечната” политика на ЕУ во Средоземното Море

Според Обединетите нации, политиката на Европската Унија за поддршка на либиските власти при фаќањето мигранти во Медитеранот и нивното враќање во „ужасни” затвори во оваа северноафриканска држава е „нечовечен”.

„Страдањето на мигрантите приведени во Либија е навреда кон совеста на човештвото“, смета високиот комесар на ОН за човекови права, Зејд Раад ал-Хусеин.

Во соопштението се додава дека политиката на ЕУ за поддршка на либиската крајбрежна стража и враќањето на мигрантите назад од Медитеранот е нехумано.