Општина Аеродром: 300.000 денари поддршка за децата со аутизам од социјално загрозените семејства

Општина Аеродром: 300.000 денари поддршка за децата со аутизам од социјално загрозените семејства

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и амбасадорот на Република Бугарија, Иван Петков, го одбележа почетокот на проектот за ран третман и терапија на децата со аутистичен спектар на нарушување од социјално загрозените семејства, кој ќе се реализира во Центарот за сензорна терапија „Во мојот свет“.

„Општина Аеродром со задоволство го поддржува овој проект, кој им овозможува на децата од социјално загрозените семејства бесплатно да го посетуваат Центарот за сензорна терапија. Откако здружението ‘Во мојот свет’ ја посочи потребата од дополнителен кадар, Општината реши да издвои 300.000 денари од сопствениот буџет наменети за стручни лица што бќе работат во втората смена со децата на возраст од 2 до 9 години“, рече Марин.