Општина Центар гради потпорен ѕид што ќе штити куќи на Водно

Општина Центар гради потпорен ѕид што ќе штити куќи на Водно

Од Општина Центар информираат дека работат на решавање на проблемот со ерозија на земјиштето на улица „Христо Чернопеев“ на Водно.

Од таму соопштуваат дека почнала изградбата на потпорен ѕид во должина од 15 метри и висина од 8 метри.

„Жителите реагираа и бараа од Општината да ги заштити од секојдневните опасности од слегнување, лизгање и ерозија на земјиштето. Постоеше потенцијална опасност од лизгање на куќите од улицата ‘Славејко Арсов’“, велат од општината.

Градоначалникот на општина Центар за наредната недела закажал состанок со директорот на ИЗИС за да се утврдат критичните точки на територијата на општината каде што нема да се издаваат одобренија за градење.