Оружен грабеж во тобако во Скопје

Оружен грабеж во тобако во Скопје

Непознат сторител вооружен со пиштол ограбил тобако лоцирано на улица Народен фронт во Скопје.

Според информациите на МВР, кражбата се случила вчера во 19 и 50 часот во  „Тобако Екстра Кофи“.

„Непознат сторител со закана со пиштол и употреба на физичка сила од вработениот одзел 18.500 денари по што избегал. СВР Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот“, вела од МВР.