Оскаровецот Оливер Стоун пристигна во Сараево

Оскаровецот Оливер Стоун пристигна во Сараево

Американскиот режисер и сценарист Оливер Стоун, кој има добиено три „Оскари“, пристигна во Сараево.

Нему вечерва ќе му биде врачено признанието „Почесно срце на Сараево“.

Стоун слетал на меѓународниот аеродром во Сараево, а бил пречекан од Миро Пуриватра и екипа од „Сараево филм фестивал“.

Стоун не дал изјава за медиумите.