„Ослободување на Скопје“ награден за најдобро сценарио

„Ослободување на Скопје“ награден за најдобро сценарио

Филмот „Ослободување на Скопје” ја освои  наградата за најдобро сценарио за долгометражен игран филм на неодамна  завршениот „Интренационалниот арпа филм фестивал”, што се одржуваше во Египетскиот театар во Холивуд во Лос Анџелес.

Сценариото според истоимениот драмски текст го пишуваа авторот на текстот, Душан Јовановиќ, и режисерите Раде и Данило Шербеџија.

Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција, финансиски  поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар, Финскиот филмски фонд и Еуримаж.