Османи: Имаме кратки рокови, но навреме ќе ги испорачаме ветените резултати

Османи: Имаме кратки рокови, но навреме ќе ги испорачаме ветените резултати

Имаме кратки рокови, времето е сериозен фактор, но Владата и другите институции се силно посветени на реформите и навреме ќе ги испорачаат ветените резултати, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на средбата со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан.

Османи додаде дека и Владата и граѓаните очекуваат конкретни чекори од старана на Унијата во насока на приближувањето кон Европската Унија.

„На средбата беа отворени темите за билатералната соработка помеѓу двете земји, евроинтегративниот процес на Македонија, како и за поддршката на Чешка за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан. Билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Чешка од страна на двајцата соговорници беше оценета како солидна. Двајцата соговорници изразија надеж дека успешната билатерална соработка ќе продолжи и понатаму и дека истата ќе се продлабочи“, соопштија од Кабинетот на Османи.

Во поглед на евроинтегративниот процес на Македонија, Османи изразил задоволство од досегашната поддршка за европската интеграција на земјава од страна на Чешка, како во рамките на Европската Унија така и во рамките на земјите од Вишеградската група.