Осомничениот за нападот во Стокхолм го признал терористичкиот чин

Осомничениот за нападот во Стокхолм го признал терористичкиот чин

Главниот осомничен за нападот со камионот во кој загинаа четири лица во шведската престолнина Стокхолм, Узбекистанецот Рахмат Акилов „признава дека го извршил терористичкиот чин“, изјави неговиот адвокат во вторникот пред судот.

„Рахмат Акилов признава дека извршил терористички акт и се согласува да биде сместен во затвор“, изјавил Јохан Ерискон, неговиот адвоката доделен по службена должност, на сослушувањето во присуство на клиентот со лисици на рацете кон не зборувал, пренесува AFP.

Мажот влегол со обезбедување во салата во подрумот на стокхолмскиот суд кој е силно обезбедуван, со многубројни тешко вооружени полицајци и затворен пристап за сообраќај, што се безбедносни мерки без преседан за главниот град на Шведска.

Сослушувањето пред судот продолжило без присуство на јавноста на барање на обвинителството, а новинарите биле замолени да излезат и да ја чекаат одлуката на судот.

Рахмат Акилов, илегален работник на 39-годишна возраст, осомничен е дека во минатиот петок попладнето со украден камиони удирал во дваесетина минувачи на најпрометната трговска улица во Стокхолм, усмртувајќи четири и повредувајќи петнаесет луѓе. /крај/мф/сн