Отежнат сообраќајот на Стража, завеани возила блокирани на патот

Отежнат сообраќајот на Стража, завеани возила блокирани на патот

Врнежите од снег на Стража предизвикаа проблеми за возачите. Патот не е исчистен и многу возила останаа блокирани крај и на патот. Според изјави на очевидци, завеани се камиони и автомобили, а среде патот има заглавено комбиња.

Освен снегот, сообраќајот на Стража го отежнува и маглата. Според последните информации од АМСМ, видливоста е намалена до 100 метри.