Откриени 17 мумии во централен Египет

Откриени 17 мумии во централен Египет

Египетските археолози откриле 17 мумии во катакомби во провинцијата Мина, јужно од Каиро, јави АФП.

„Пронајдовме катакомби со неколку мумии“, рече професор по египтологија од Универзитетот во Каиро.

Министерот за антика Калед дел-Енани на прес конференција соопшти дека ова е прва човечка некропола пронајдена во централен Египет со толку многу мумии. /крај/со/ст