Отстранет дел од лавината на патот Маврово-Дебар, сообраќајот се одвива по една лента

Отстранет дел од лавината на патот Маврово-Дебар, сообраќајот се одвива по една лента

Во близина на манастирот „Свети Јован Бигорски“ вечерва поради лавина дојде до прекин на сообраќајот на патниот правец Маврово-Дебар. Екипи на ЈП „Македонијапат“ се на терен, а местото каде што се урна лавина од снег го посети и градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Медат Куртовски.

Тој за „Макфакс“ изјави дека патниот правец поради лавината бил во прекин 50-ина минути, по што екипи на „Македонијапат“ отвориле само една коловозна лента со цел сообраќајот да се деблокира.

Екипите на „Македонијапат“ продолжуваат да го чистат патот. Раководителот на пунктот на претпријатието во Дебар, Деар Лимановски, информира дека и во претходните години на истото место се случувале лавини. Инаку, денеска поради голем дефект на регионалниот далновод, без електрична енергија е регионот на Долна Река.

К. М.