Охриѓанец загинал од струен удар додека местел олуци

Охриѓанец загинал од струен удар додека местел олуци

Охриѓанецот, неговиот брат и уште едно лице местеле олуци на куќа, при што Г.М. со олукот допрел жица од далекувод и паднал.

Како што велат од полицијата, Г.М. (44) од Охрид, неговиот брат А.М. и М.П., сите вработени во „АМГ дизајн 2013“, вчера извршувале градежни работи (местеле олуци) на куќата на Ј.Б. во Струга, при што Г.М. со олук допрел електрична жица од далекувод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде што се наоѓал, при што добил електричен удар и паднал.

Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од ПС Струга. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.