ОЈО го расветлува убиството во Чаир

ОЈО го расветлува убиството во Чаир

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за обезбедување и прибирање траги од лице место за настанот кој се случи синоќа во скопски Чаир, кога едно лице беше лишено од живот.

Од ОЈО информираат дека е издадена и Наредба за вршење обдукција на починатата, а обвинителството презема бројни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот и кривичната одговорност на сторителот.