Пазарџиите на зелените пазари ќе можат да го регулираат работниот однос

Пазарџиите на зелените пазари ќе можат да го регулираат работниот однос

Власта подготвува предлог-закон за трговија на зелени пазари со кој се предвидува регулирање на, како што пишува, правните празнини во Законот за трговија со кој се уредува продажбата на пазарите во земјава.

Овa законско решение по скратена постапка има за цел во законска рамка да ги уреди сите прашања со кои се прецизираат условите и начинот на вршење трговија на зелените пазари, субјектите кои може да вршат трговија, условите и начинот на организирање, евиденцијата на трговците, правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари.

Статусот на лицата кои досега работеле на зелените пазари ќе биде уреден и нивниот работен однос ќе биде законски нормиран. Со предлог-законот ќе се постигне намалување на бројот на невработеноста и на голема категорија на лица – трговци на зелени пазари што вршат трговија на мало на тезги и пазар, пишува во образложението.

В. М.