Палестинскиот претседател ја осуди одлуката на Трамп за Ерусалим

Палестинскиот претседател ја осуди одлуката на Трамп за Ерусалим

Палестинскиот претседател Махмуд Абас смета дека признавањето на Ерусалим за главен град на Израел ги поништува сите права САД да бидат медијатор во израелско-палестинските мировни преговори.

Тој ја осуди одлуката на Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел и за преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.