Палестинските демонстранти се судрија со израелски војници

Палестинските демонстранти се судрија со израелски војници

Илјадници Палестинци се судрија со израелските војници за време на протестoт против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, соопшти „Ројтерс“.

Демонстрациите се одржаа на Западниот Брег, каде што дојде до судирите. Неколку илјади жители на палестинската автономија се приближиле до деловите обезбедувани од израелски војници и почнале да фрлаат камења кон војниците, кои за возврат употребиле солзавец.

Според властите на палестинската автономија, повредени се 14 лица.