Папата на мировна мисија во Мјанмар и Бангладеш

Папата на мировна мисија во Мјанмар и Бангладеш

Папата Франциско ја започнува својата шестдневна мировна посета на Мјанмар и Бангладеш, каде што се случуваат крвави судири во мјанмарската област Ракајн.

Повеќе од 600 илјади припадници на народот Рохинџи избегаа од Мјанмар во соседен Бангладеш барајќи заштита од нападите на војската на Мјанмар, која започна воена кампања по нападите од герилци од редовите на Рохинџите.

Рохинџите се главно муслимани, додека мнозинството во Мјанмар и во редовите на армијата се будисти, па конфликтот добива меѓуверски карактер. Бангладеш ги прими бегалците Рохинџи, но бара што поскоро нивно враќање за што се потребни безбедносни гаранции.

Папата за време на неговата посета ќе се сретне со лидерите во Мјанмар, вклучително и генералот Мин Аунг Хлаинг, како и премиерката Аунг Сан Су Чи. Планирана е и средба со будистичките лидери во земјата.