Парите главен извор на стрес

Парите главен извор на стрес

Парите се главен извор на стрес за 64 отсто возрасни лица, покажува истражувањето спроведено во САД.

По парите следат работата – извор на стрес за 60 проценти возрасни, семејни обврски за 47 отсто и здравјето за 46 отсто.

Четвртина испитаници изјавиле дека парите им претставуваат извор на екстремен стрес, а истражувањето утврдило дека парите најчесто биле главен извор на стрес за жените и млади возрасни лица.

Освен тоа, парите спаѓаат и меѓу најчестите причини за конфликт меѓу партнерите, покажуваат податоците на истражувањето на Американското психолошко општество спроведено со учество на над 3.000 испитаници.