„Паркови и зеленило“: Инфраструктурните зафати сè повеќе го оштетуваат зеленилото во Скопје

„Паркови и зеленило“: Инфраструктурните зафати сè повеќе го оштетуваат зеленилото во Скопје

Од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ се огласија со соопштение во кое информираат дека нивни екипи на терен сè почесто забележуваат оштетувања и уништување на јавните зелени површини како резултат на прекопи, ископи и други инфраструктурни проекти.

„Уништените тревни површини, оштетените и целосно уништени дрвjа, зимзелените садници, цветниот расад, како и парковската урбана опрема, говорат за несоодветното и неодговорно однесување кон животната средина“, предупредуваат од Јавното претпријатие.

Оттаму апелираат дека при изведба, реконструкција или инфраструктурни зафати, каде што се оштетува и загрозува просторот на јавното зеленило, треба да се внимава и постапува според Законот за урбаното зеленило и одлуката за комунален ред и сите правни лица при активности на изведување прекопи да се обратат и да ги информираат службите на „Паркови и зеленило“ и Град Скопје за да може навреме да интервенираат и да ги спасат и заштитат садниците.