Пацоли: Мадагаскар го призна Косово

Пацоли: Мадагаскар го призна Косово

На маргините на самитот на Франкофонијата, Мадагаскар го призна Косово како независна и суверена држава, напиша Беџет Пацоли на својот Твитер профил.

Министерот за надворешни работи на Косово објави и фотографија од неговата средба со министерот за надворешни работи на Мадагаскар.