Песков ги отфрли наводите на Хилари Клинтон за одмаздата на Путин

Песков ги отфрли наводите на Хилари Клинтон за одмаздата на Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли наводите на поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, која во својата книга зборува за лична одмазда на рускиот претседател Путин.

„Не“, рекол Песков одговарајќи на новинарско прашање дали постои лична одмазда за која пишува Клинтон. Тој негативно одговорил и на прашањето дали Путин сака да ги прочита мемоарите.

Клинтон во книгата зборува за својата претседателска кампања и поразот што го доживеа на изборите во 2016 година. Таа во интервју за списанието „Ју-ес-еј тудеј“ во својата книга под името „Што се случи“ тврди дека одмаздата на Путин е поврзана со потезите на нејзиниот сопруг, пренесе „Спутник“. Одмаздата почна со ширење на НАТО во Источна Европа во време на администрацијата на нејзиниот сопруг Бил Клинтон.