Песков: Путин настина, па зима е, знаете

Песков: Путин настина, па зима е, знаете

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин настинал, но дека без оглед на тоа, работата си продолжува, пренесе ТАС.

„Претседателот настина, но не е ништо сериозно, сè е во ред. Неговиот распоред за работа и натаму останува, но настинката е земена предвид. Слушнавте како му се промени гласот. Зима е, знаете“, рече Песков.

Тој истакна дека некои медиуми почнале да шпекулираат за здравјето на претседателот на Русија и наведе дека Путин требало да учествува на состанокот на тема микроелектроника, но морал да го одложи зашто документите не биле подготвени за да му бидат претставени на шефот на државата.