Петерле: ЕУ да ја принуди Хрватска да го почитува законот

Петерле: ЕУ да ја принуди Хрватска да го почитува законот

Поранешниот словенечки премиер Алојз Петерле, моментно пратеник во Европскиот парламент, ги повика институциите на Европската унија да најдат начин да ја принудат Хрватска да го почитува законот на ЕУ во врска со примената на арбитражната одлука. Тој предупредува дека во спротивно повторно може да се отвори Пандорината кутија на Балканот.

„Во случај Европската комисија да не завземе јасен став сега, можно е да се соочи со повторно отворање на Пандорината кутија на Балканот, и тоа сигурно ќе влијаее врз европската перспектива на земјите од Западен Балкан“,  вели Петерле и истакнува дека само почитување на законот може да обезбеди мир.