Пет лица убиени во пукање во Калифорнија

Пет лица убиени во пукање во Калифорнија

Најмалку пет лица се убиени во пукотници на разни локации во округот Техама, во сојузната американска држава Калифорнија. Пукотници имало и во близина на едно основно училиште, каде што се повредени најмалку две деца.

Напаѓачот бил ликвидиран од страна на полицијата.

Според првичните информации на полицијата, причината за пукањето е поврзана со семејно насилство.

Заменик-шерифот Фил Џонсон рекол дека полицијата спроведува истрага на пет локации, без да соопшти повеќе детали.

Техама се наоѓа на 184 километри северно од Сакраменто, главниот град на Калифорнија.