Пет седници во Апелација за жалби на обвинетите и на СЈО

Пет седници во Апелација за жалби на обвинетите и на СЈО

Во Апелациониот суд денеска ќе се одржат едноподруго пет седници на кои ќе се разгледуваат жалбите на обвинетите и на СЈО за изречените мерки на Кривичниот суд по обвиненијата на тимот на Катица Јанева.

Во текот на викендот Апелација ги потврди одлуките за одземањето на пасошот на новинарката Ивона Талевска, обвинета за даночно затајување, и на обвинетите алфи во МВР обвинети во случајот „Тортура“, за апсењето на Љубе Бошкоски.

Во судот еднаш неделно мора да се јавуваат: Ивица Антевски Пуки, Новица Станковски, Јован Боцевски и Петар Милошевски, бидејќи одлуката на Апелација е конечна. Се очекува и во текот на целата недела Кривичниот совет на скопска Апелација да одржува седници бидејќи се пристигнати жалби на одлуките на Кривичен и од обвинетите и од СЈО.

В. М.