Писателите Петрески и Кацаров ќе настапуваат во Србија

Писателите Петрески и Кацаров ќе настапуваат во Србија

По повод 24 Мај, Денот на просветителите Кирил и Методиј, македонските писатели Христо Петрески и Трајче Кацаров ќе настапуваат во Република Србија.

Најпрвин тие ќе настапат во 17 часот, на 23 мај, на Свечената академија во Здружението на писателите на Србија. Следниот ден ќе положат цвеќе на споменикот на Кирил и Методиј во Белград, а потоа

заедно со писателот Виктор Шеќеровски ќе бидат учесници на книжевниот карван во

повеќе градови во Војводина.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Покрај средбите со македонските здруженија, граѓани и творци, ќе бидат промовирани и

романот „Дали го сакате Дали“ од Христо Петрески и поемата „Ако“ од Трајче Кацаров,

кои неодамна се објавени во Белград на српски јазик. крај/мф/