Победниците на Канскиот и Венецијанскиот фестивал на „Синедејс“

Победниците на Канскиот и Венецијанскиот фестивал на „Синедејс“
Победничките филмови на Венецијанскиот и Канскиот фестивал ќе се најдат на програмата на  „Синедејс“, 16. по ред, што ќе се одржи од деветти до деветнаесетти ноември.
Се работи за филмовите „The Square“ на Рубен Остлунд, добитник на Златната палма, како и за филмот „The Shape of Water“ на Гилермо дел Торо, добитник на Златен лав.
„Синедејс“ оваа година најавува неверојатно богата и квалитетна филмска програма, но,по квалитет, разноликост и содржина нема да заостане ниту музичката програма. Засега е најавен само концертот на њујорчаните Чк Чк Чк за 13 ноември.