Повластен паркинг за спортистите во Центар

Повластен паркинг за спортистите во Центар

Директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Саша Богдановиќ, и директорите на спортските клубови КК „Работнички“, ФК „Работнички“ и РК „Работнички“, врз основа на одлуката за најновата повластена паркинг- карта за тренери во спортски клубови и спортисти – ПКТС, денеска потпишаа договор за деловна соработка, кој ќе им овозможи на тренерите и спортистите од овие клубови олеснето паркирање на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ.

Правото на издавање и користење на оваа паркинг-карта го остварува секое физичко лице кое е сопственик на патничко моторно возило и е ангажирано како тренер во спортски клуб или е активен спортист во спортски клуб чие седиште е регистрирано во Општина Центар.

Потребни документи кои се доставуваат на увид при склучување договор за користење ПКТС се: лична карта; сообраќајна дозвола за ПМВ издадена од надлежен орган; потврда од спортскиот клуб дека лицето е ангажирано како тренер или дека е активен спортист; тековна состојба за спортскиот клуб издадена од ЦРМ не постара од 6 месеци и решение за регистрација на спортски клуб издадено од Агенцијата за млади и спорт.

Цената за овој вид паркинг-карта е: еднократен надомест за издавање – 350 денари и месечен надомест за користење – 250 денари. Договорот за издавање и користење ПКТС може да биде со времетраење најдолго до една година.

Корисниците на ПКТС имаат право на користење на конкретното јавно паркиралиште од отворен тип во Зона I, Зона oI и Зона II за чие користење е склучен договор во времетраење од 2 часа дневно, а по надминувањето, ќе се применуваат општите услови за користење на јавните паркиралишта од значење за општина Центар со надомест, соопштија од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.