Повредени триесетина ученици во сообраќајна несреќа меѓу комбе и автобус

Повредени триесетина ученици во сообраќајна несреќа меѓу комбе и автобус

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа што се случи меѓу комбе и автобус изутринава околу 7.30 часот на патот Демир Хисар – Кичево.

Како што известуваат од МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки, управувано од С.С. (56) од Крушево, и автобус, исто така со битолски регистарски ознаки, управуван од З.С. (49) од с. Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале 30-ина ученици од ОУ „Гоце Делчев“ од Демир Хисар.

При несреќата тешки телесни повреди добил возачот на комбето, а учениците добиле полесни повреди. На учениците што биле повредени во несреќата им била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар – Битола.

Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот.