Поглед што ги воодушеви Канаѓаните

Поглед што ги воодушеви Канаѓаните

Жителите на јужниот брег на Њу Фаундленд во Канада неодамна „добија“ санта мраз на чекор до подрачјето каде што живеат.

Масивното парче пловечки мраз е снимен на плажата Мидл Ков и Фериленд, што се наоѓаат на Њу Фаундленд.

Сантите мраз на тоа подрачје инаку не се невообичаена појава и ги привлекуваат туристите, но во овој случај е невообичаено што минала крај тоа подрачје надвор од сезоната.

Највисоката санта мраз на тоа подрачје е видена за време на велигденските празници и била висока 46 метри. /крај/дн/ст