МАКФАКС

Пожарот кај „Здравко Цветковски“ локализиран – нема повредени

Пожарот кај „Здравко Цветковски“ локализиран – нема повредени
21.04.2017, 15:07

 

Пожарот кој избувна во бараките кај СУГС „Здравко Цветковски“ на булеварот „Партизански одреди“ е ставен под контрола и не постои можност за негово проширување на останатите бараки во непосредна близина.

 

Според надлежните повредени лица нема, а поради предострожност беа евакуирани учениците од средното училише„Здравко Цветковски“.

 

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески изјави дека во борбата со пламените јазици учествувале повеќе од 30 пожарникари со 15 противпожарни возила, на кои им помогнале и екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

 

Со пожарот беа зафатени вкупно три напуштени бараки кои се наоѓаат во близина на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.крај/мф/дм

 

No Posts Found

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *