Пожарот кај „Здравко Цветковски“ локализиран – нема повредени (галерија)

Пожарот кај „Здравко Цветковски“ локализиран – нема повредени (галерија)

Пожарот кој избувна во бараки кај СУГС „Здравко Цветковски“ на булеварот „Партизански одреди“ е ставен под контрола и не постои можност за негово проширување на останатите бараки во непосредна близина.. Според надлежните повредени лица нема, а поради предострожност беа евакуирани учениците од средното училише„Здравко Цветковски“.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје Звонко Томески изјави дека во борбата со пламените јазици учествувале повеќе од 30 пожарникари со 15 противпожарни возила, на кои им помогнале и екипи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Од МВР за Макфакс изјавија дека се чекаат резултатите од увидот за да се утврдат причините за пожарот.

Со пожарот беа зафатени вкупно три напуштени бараки кои се наоѓаат во близина на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.крај/мф/дм