Пожар во Куманово, изгоре „Баба Цана“

Пожар во Куманово, изгоре „Баба Цана“

 Во 18,10 часот на  плоштадот  Нова Југославија кај локалитетот „Батко Ѓорѓија“ во ресторант „Баба Цана“ избувнал пожар во кој целосно изгорела кујната од ресторантот и една канцеларија од Министерство за финансии, која се наоѓа над него. За час и пол пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ-Куманово.

Според локални извори, освен штета, нема повредени од пожарот. Увид ќе се врши во текот на утрешниот ден.