Пожар кај Никиштани и Грачани – се шири кон реката Лепенец

Пожар кај Никиштани и Грачани – се шири кон реката Лепенец

Повторно гори во општина Ѓорче Петров, овој пат во близина на селата Никиштани и Грачани. Од Центарот за управување со кризи известија дека пожарот е на непристапен планински терен и се шири кон реката Лепенец.

И покрај исклучително лошиот терен за гаснење пожар, испратени се шест лица со две возила, но, најверојатно, ќе биде неопходна интервенција од воздух.

Инаку, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, пред неколку дена апелира до граѓаните да се вклучат во гаснење на пожарите, а претседателите на месните заедници да ја подобрат организациската поставеност на својата територија, а тоа значи граѓаните активно да учествуваат во гаснењето на пожарите во рамките на своите можности.

На територијата на целата земја и натаму има активни пожари, често на многу непристапен терен, поради што нивното локализирање се одвива бавно.