Пожар на Корзика, евакуирани се стотици туристи

Пожар на Корзика, евакуирани се стотици туристи

Околу 700 лица, од кои најголем дел туристи, синоќа се евакуирани на Корзика поради шумските пожари.

Двата пожари биле проширени поради силниот ветер кој дува со брзина до 120 километри на час.

На источниот брег на островот беснее оган, кој претходната ноќ, во екот на туристичката сезона, се разгоре во Нонца.

Пожарот го загрози местото Сиско, а неколку регионални патишта се затворени за сообраќај.