Покрената онлајн петиција за оставка на членовите на ДИК

Покрената онлајн петиција за оставка на членовите на ДИК

Повеќе од 1.500 луѓе досега се потпишале на онлајн петицијата со која се бара оставка од членовите на Државната изборна комисија (ДИК) откако во јавноста беше објавено дека земале огромни бонуси.

-Бараме оставка на деветте членови на Државната изборна комисија (ДИК) поради неетичко однесување и кршење на „Принципите за работа“ објавени на веб-страницата на ДИК кои меѓу другото гласат: „Постојано вршиме самоевалуирање затоа што сакаме постојано да ја унапредуваме нашата работа и секој нареден изборен циклус да биде подобар од претходниот. Притоа ја зголемуваме ефикасноста, ја спроведуваме работата со помалку напор, и ја зголемуваме ефективноста со што ги намалуваме трошоците за својата работа – се наведува во петицијата.

Деновиве во јавноста излегоа информации дека платата на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се движи помеѓу 60.000 и 70.000 денари и дека во изминатите 18 месеци, во три наврати, си доделиле вкупно 12 надоместоци.