Полицаец фатил крадец на акумулатор

Полицаец фатил крадец на акумулатор

 

Полициски службеник, вчера околу 20.50 часот на ул. „Марксова“, во Прилеп забележал две лица како вршат кражба на акумулатор, по што тргнал кон нив.

Еден од сторителите, Р.Р. (42) од Прилеп, забележал дека им се приближил полицискиот службеник и со нож замавнал кон него, при што му нанесол расекотина во пределот на десната дланка, по што побегнал.
По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле и привеле Р.Р. и неговиот 16-годишен син.

Повредениот полициски службеник е пренесен и задржан во Општа болница Прилеп, каде му е констатирана телесна повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот..крај/мф/кс