Полициски синдикат: Во буџетот нема пари за усогласување на платите на вработените во МВР

Полициски синдикат: Во буџетот нема пари за усогласување на платите на вработените во МВР

Полицискиот синдикат реагираше што во предлог-буџетот за 2018 година не се предвидени средства за усогласување на платите на вработените во МВР со платите на сродните институции и најави лобирање кај политичките партии за преку амандмани да се обезбедат средствата.

„Ги повикуваме политичките чинители во Собранието на Република Македонија да не останат неми на нашиот повик за институционално решавање на овој проблем и преку поднесување амандмани да се обезбедат средства за договореното усогласување со цел синдикалните активности да не се прелеат надвор од институциите на државата“, изјави претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Ацо Антовски.

Тој рече дека побарале средба со претставници од владата за да се најде решение за проблемот, но таква средба сè уште немало.