Полицијата ја пронајде отсечената глава на шведската новинарка Ким Вал

Полицијата ја пронајде отсечената глава на шведската новинарка Ким Вал

Два месеца по исчезнувањето на шведската новинарка Ким Вал, нуркачите ја пронајдоа нејзината глава и нозете. Данската полиција соопшти дека нуркачи ја пронашле главата и нозете на шведската новинарка, која исчезна додека правеше интервју со шведски пронаоѓач во неговата подморница.

Шефот на истрагата Јенс Мелер во Копенхаген соопшти дека полицијата пронашла две торби – во едната била облеката на шведската новинарка, а во другата биле отсечената глава на Ким Вал и нозете. Нуркачите ги извадиле торбите од заливот Кеге.

Тие беа пронајдени недалеку од местото каде беше пронајдено нејзиното торзо, 11 дена откако се качи на подморницата на пронаоѓачот Питер Мадсен на 10 август. Мадсен е осомничен дека ја убил 30-годишната новинарка. Обвинителите велат дека Мадсен го распарчил телото на Вал пред да го фрли во морето, но тој го негира тоа. Тој првично на властите им кажал дека ја оставил Вал на остров.

Во подморницата беа пронајдени траги од крв на репортерката.

Тој потоа сведочеше дека се работи за несреќа и дека врз главата на новинарката паднал капак од подморницата тежок 70 килограми. Тој изјави и дека Вал веднаш починала. Пронаоѓачот вели дека го фатила паника, по што го фрлил телото во водата, но негира дека го исекол телото на делови.