Поплави во Грција – нема евакуирани македонски државјани

Поплави во Грција – нема евакуирани македонски државјани

Интензивните врнежи што ја погодија цела Грција предизвикаа поплави на патиштата особено на патот Лариса- Кожани и Ситонија, вториот крак на Халкидики, каде во Торони, Порто Куфо Тристиника дојде до поплавување на паркинзите и заглавување на десетина туристи. Овие лица биле евакуирани од грчките органи. Меѓу евкуираните лица нема македонски државјани, соопшти МНР.

Конзулатот во Солун примило повик од едно семејство кое летувало во Торони, но тоа не се наоѓа во опаснозагрозувачка состојба. Во конзулатот функционира дежурен мобилен телефон  00306987200410 на кој може да се јават македонски државјани во случај на потреба.