Пороен дожд и грмежи во Куманово, Скопје и Штип

Пороен дожд и грмежи во Куманово, Скопје и Штип

Нестабилно време вечерва има северно од Куманово, во Скопско и во Штипско. Врнежите се проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Се очекува нестабилноста постепено да се намалува во текот на ноќта.

Утре претпладне сè уште ќе има локален и краткотраен дожд, наместа пороен и со ретки грмежи.  Утре попладне се очекува стабилизирање на времето, а од вторник ќе има постепен пораст на темпетатурата на воздухот.