Постигнат договор во Берлин, почнуваат официјални преговори за влада

Постигнат договор во Берлин, почнуваат официјални преговори за влада

Во пробните преговори меѓу конзервативците на Ангела Меркел и социјалдемократите дошло до пробив, бидејќи двете страни се согласиле околу планот за отпочнување на формални преговори за формирање на голема коалиција. Како што пренесува Ројтерс, кој во извештајот се повикува на странски извори, се зајакнуваат перспективите за формирање влада, која повторно би ја сочинувале конзервативците и социјалдемократите.

Со тоа ќе се стави крај на политичката неизвесност во Германија, која трае уште од изборите одржани на 24 декември. Денешниот договор овозможува во наредните недели да се преговара за сите детали од коалицискиот договор.

Неизвесноста околу формирањето германска влада ја ослабија улогата на Берлин на меѓународен план и го покренаа прашањето за тоа уште колку време канцеларката Меркел ќе остане на истата позиција, анализира Ројтерс.